Началникот на српската полиција: Бевме крајно воздржани, употребивме физичка сила дури кога беше употребена против нас

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Началникот на полицијата на Србија, Владимир Ребиќ, рече дека полицијата „реагирала крајно воздржано“ за време на синоќешните протести во Белград и дека употребила хемиски средства околу 23 часот.

„Имавме 43 повредени полицајци, веројатно бројот е значително поголем бидејќи оние со помали повреди не пријавиле. Имаме податоци за повредени 17 демонстранти“, рече Ребиќ како гостин во дневникот на РТС.

Тој исто така дополни дека 23 „хулигани“ се приведени, изјавувајќи дека меѓу нив е и Дамјан Кнежевиќ, кој може да се опише како организатор на упадот во Собранието. Тој додаде дека и поранешниот член на Двери, Срѓан Ного, бил означен како организатор на упадот.

Според него, собирот почнал спонтано, а со зголемувањето на агресијата на насобраните, се зголемил и бројот на полицајците.

Во еден момент, рече тој, на теренот имало околу 200 полицајци.

„Мислам дека полицијата долго беше крајно воздржана, употребивме физичка сила дури кога беше употребена против нас, делувавме со екстремна воздржаност, користевме хемикалии само околу 23 часот, на крајот и коњаницата мораше да интервенира. Сепак, успеавме да ги растераме сите, ќе видиме врз основа на видеоснимките од камерите да ги идентификуваме сите оние што извршиле насилство на улиците на Белград“, рече Ребиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот