-4 C
Скопје

На што нѐ учи падот на грчката „Златна зора“?

Грчката неонацистичка партија „Златна зора“ е прогласена за злосторничка организација. Овој случај е важен за нашето општество прво заради памет, а потоа и за тоа дека најзлобна антицивилизациска клима се создава кога општеството е во криза.

На моја голема радост, грчката неонацистичка партија „Златна зора“ е прогласена за злосторничка организација. Кај нас оваа вест пројде незабележано – ние секогаш имаме поважни, односно наши работи. Судот во Атина пред неколку денови пресуди дека основачот на партијата Никос Михајољјакос и други функционери виновни се за тешки кривични дела, едно убиство кое го сториле нивни членови, а во заднина стоел политички план. Пресудата што многу луѓе ја нарекуваат историска, беше дочекана со аплауз и во судницата и надвор од неа – на повик на антифашистичките групи, синдикати и левичарски партии, 15.000 луѓе се собрале пред Апелацискиот суд во Атина.

Зошто е овој случај важен за нас и за нашето општество? Па, прво да речеме заради памет, а потоа и за тоа дека најзлобна антицивилизациска клима, ако сакате така да ја наречеме, се создава тогаш кога општеството е во криза, како што во 2012 година беше грчкото: рецесија, беспарица, невработеност, со еден збор – катастрофа. Во таква атмосфера јакнат два политички пола: на една страна се наоѓа левицата која во тоа време во Грција имаше околу 40 проценти поддршка, а на другата страна на политичкиот спектар јакне ултрадесницата.

Маша на крупниот капитал

Многу луѓе – од тоа време – не ги зачудуваше така силниот подем на неонацистичката „Златна зора“, која во не така дамнешни времиња не успеваше да стигне ни до цензусот, за на изборите во јуни 2012 година да добие 425.000 гласа, што претставува 7 проценти политичка поддршка и 18 места во парламентот. Нивните членови се поздравуваа со фашистички поздрави, а нивните поддржувачи се организираа според „баталјони што јуришаат“ напаѓајќи – емигранти.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Лазаров: Ни претстои тешка финансиска и економска година со голем буџетски дефицит

Знам, или барем знам за оние штои ја познаваат грчката државност и историја – а заради славната античка историја Грција е галениче на цела англосаксонската култура – „Златна зора“ во политичкото поле служеше како тешка зафрканција и шега, ама предизвикуваше и збунетост пред непознатото. Сепак, конечниот ефект беше постигнат – „Златна зора“ беше претставена пред јавноста, но таа не ги зборуваше своите вистински ставови и политички судови, туку конструираше политички субјект низ лаги и митови дека на „ќе му биде верен слуга на народот и чувар на татковината“.

Пред изборите во 2012 година, агресивноста и репресијата беа единствени обележја на оваа групација. Таквиот профил брзо го заменија со слика на „добрите Самарјани“, кои им помагаат на средовечните луѓе, се профилираат како борци против насилниците, а се премолчуваат ексцесите, нападите од членови на партијата кон оние што им се политички неистомисленици, врз мигрантите на кои им го уништуваат имотот. Таквата реторика ја користат во јавноста само за да добијат поддршка од оние гласачи кои се разочарани од економската криза која владее во Грција. Во предизборната конфузија овие самоуверени и самонаречени „патриоти“ на гласачите им делуваат како ново политичко решение. Граѓаните уморни од ветувања и политички скандали, бараат некој што ќе им обезбеди иднина и сигурност, не обрнувајќи внимание на политичкото минато и на идеолошките корени на оваа партија, која од сенка директно влезе во парламентот.

Појавата наречена „Златна зора“ не е производ на кризата како таква, затоа што кризи во Грција имало и порано, ниту е нуспроизвод што историската матица неминовно го исфрла пред современиците. Фашистичката партија во Грција, а се чини и во другите земји на Европската Унија, станува инструментализирана доктрина во која центрите на моќ и нивниот неолиберализам се ослободуваат од своите опоненти во смисла – „ако не сакате милум, тогаш ќе добиете силум“. Оваа фашистичка структура станува „маша“ на крупниот капитал и на олигархијата, а соодветно би било тука да го цитираме Волтер: „Моќта се состои во тоа да ги натераме другите да делуваат онака како што ние сакаме“.

Прочитајте и...  Вашингтон пост: Трамп стана параноичен, колабира системот зад вратите на Белата куќа

Поука за нашето општество

Сакам да верувам дека нашето општество ќе извлече поука од „случајот Златна зора“ дека ние имаме, а тоа е историски факт, слободарска традиција која е втемелена во антифашистичката борба во Втората светска војна, и дека нашето општество е многу чувствително на секоја форма на репресија и тоталитаризам. Од друга страна, ние многу често забораваме дека вистинската позиција на „левичарското“ делување е бескомпромисна борба против сите облици и деривати фашизмот и на национализмот. Односно, антифашизмот денес не треба да ни биде иманентно „лев“ или „десен“, туку треба да биде јасен показател за нашите вредности во едно слободно и демократско општество.

Денес, искрен да бидам, партијата ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ме плаши на ист начин како кога беше власт во оваа земја. Не се плашам јас за себе, се плашам за тоа каде може да застрани, ако само за момент се опуштиме. Погледајте ги нивните фиктивни заложби во општеството: еднаш се за избори; другиот ден не се за избори; еднаш се за да се почитуваат здравствените мерки, а веќе следниот ден тие самите не се придржуваат кон нив. Ако ја следите оваа конфузија, не е тешко да се заклучи дека нивното политичко средство го канализираат кон чисто насилство. Што сакам да кажам? Тие сметаат дека сите политички аргументи се исцрпени, не го признаваат дијалогот, единствено им останува подбуцнување, наоѓање лесни мети само за да му се наштети на Заев, а потоа да ја бараат својата шанса на избори. Значи дека тие во Заев гледаат фиктивен непријател за да може да се пресметаат со сите останати. Овој псевдопатриотизам на кој ништо не му е свето, освен сопствениот интерес преточен во конфликт, обично станува катастрофален и за самата држава која се обидува да го легитимира и да го одржи како релевантен политички субјект.

Прочитајте и...  Ивановиќ Кастаред: Пандемијата се заканува да ја уназади родовата еднаквост

Фашизмот (а своите деривати ги црпи и во национализмот) како средство за постигнување политички цели, носи големи опасности така што никогаш не можете да го предвидите крајниот исход. Зашто, како што вели Хана Арент, „целта на човечкото делување никогаш не може со сигурност да се предвиди, средствата што се користат за да се достигнат политичките цели, често имаат многу поголемо значење за иднината, отколку посакуваните цели“. Сакам да кажам: овие феномени мора навреме да ги спречиме, отколку потоа да ги лечиме или, не дај Боже, тогаш кога за тоа ќе биде премногу доцна.

Поврзани вести

Вашингтон пост: Трамп стана параноичен, колабира системот зад вратите на Белата куќа

И.И.

Пандемијата продолжува да го ниша здравствениот систем во земјава

Мирослава Бурнс

Европратеникот кој учествувал во геј-оргијата во Брисел е од Унгарија, од партијата на Виктор Орбан: Тој е гласен конзервативец против ЛГБТИ правата

В.Т.

Објавени правилата за однесување на онлајн час: Без „финти“ од учениците, наставниците смеат да „бркаат“ од час

Михаило Донев

Зошто Бугарија се плаши од македонското малцинство?

Весна Тодоровска

Светот се соочува со пандемија на недоверба предизвикана од лажните вести

Слободен печат

Остави Коментар