На Шарапова и е досадно во изолација, го објави својот број од мобилниот и бара луѓе за допишување (ВИДЕО)

Русинката која минатата година се пензионира од тенисот, очајно сака да ја убие досадата во карантин и јавно го објави бројот од својот мобилен телефон и ги повика фановите слободно да и пишуваат.

Долку помисливте дека ништо не може да ви го поправи денот во изолација и да ја намалите досадата, сега можеби добивте џекпот на лотарија.

Една од најубавите спортистки во изминатите 15-тина години, Марија Шарапова го објави бројот од мобилниот телефон и сака да се допишува со фановите.

Не само што добив број туку и го споделувам со вас. Испратете ми порака. 310-564-7981. Навистина. Кажете ми како сте, прашајте ме било што или само пратете поздрав“, напиша Шарапова на својот Твитер профил.


Славната тенисерка која минатата година замина во пензија сака полесно да ја „убие“ досадата и јавно го објави бројот на мобилниот телефон.

Повикувачкиот број за САД е +1 па сите кои сакаат да и напишат нешто на Шарапова треба да свртат на +1 310-564-7981 и можеби ќе бидат изненадени со одговор од убавата Русинка која живее во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот