На северот на Косово ноќта помина мирно

Фото: Косово онлајн

На северот на Косово ноќта помина мирно, јавува српски „Н1“.

Повеќето луѓе сѐ уште се во Лепосавиќ пред зградата на општинската управа, а главната причина е што новиот градоначалник е во таа зграда повеќе од 24 часа.

Во Звечан, каде вчера имаше конфликт, утрово е мирно и има помалку луѓе од вчера. Насобрани луѓе има и во Зубин Поток, а силни безбедносни сили сѐ уште ги чуваат овие објекти.

Градоначалниците на Звечани и на Зубин Поток порачаа дека денеска нема да се појават на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот