На референдум во Узбекистан прифатени уставни измени кои му овозможуваат на претседателот Мирзијојев да се кандидира за уште два седумгодишни мандати

Шавкат Мирзијојев, Фото: МИА

Во Узбекистан на референдум беше прифатен пакет уставни амандмани со кои на претседателот Шавкат Мирзијојев ќе му се овозможи да се кандидира за уште два седумгодишни мандати, по завршувањето на сегашниот во 2026 година, покажаа денеска прелиминарните резултати.

Според тие резултати, 90,21 отсто од гласачите на референдумот во неделата гласале за промена на уставот, објави Ројтерс.

Мирзијоев (65) ја отвори економијата на поранешната советска република кон светот и значително ги подобри односите со Западот, потсетува британската агенција.

Агенцијата вели дека западните партнери на Ташкент веројатно нема да одобрат проширување на претседателските овластувања, но Узбекистан презема мал ризик, имајќи предвид дека Западот бара поддршка од поранешните советски земји во напорите да ја изолира Русија поради војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот