Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

На повидок уште една „бомба“ во НБА: Јанис ќе го менува клубот?!

Американските медиуми шпекулираат за уште една голема размена во НБА-лигата. Според информациите на „NBC Sports“, Хјустон рокетс сериозно размислува за ангажман Јанис Адеткумбо, кој како што се наведува е подготвен за промена на средината.

Грчкиот ас наводно е незадоволен од поддршката што ја добива од соиграчите во Бакс и не гледа реална можност повторно да се бори за титула со актуелниот ростер. Според изворите, Јанис е отворен за  преселба веќе ова лето.

Хјустон ја следи оваа ситуација ситуација и раководството верува дека ова е шанса што не смее да се пропушти и би можеле да ја понудата својата млада ѕвезда Алперен Шенгун.  

Турскиот центар зад себе има одлична сезона, а во својот дебитантски настап во плејофот блесна со просек од 20,9 поени, 11,9 скока, 5,3 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар, што само ја зголемува неговата вредност на пазарот.

Ако овој трансфер се реализира, тоа ќе биде еден од најголемите НБА потези во последните неколку сезони и би можел да донесе промени во борбата за титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот