На поканите за свадбата на Вељко и Богдана наведен задолжителен дрес-код

Фотографија: Instagram

Подготовките за свадбата која многумина ја нарекуваат „свадба на деценијата“ се приведуваат кон крај, а Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ ќе го изговорат судбоносното „да“ во недела на 24 ноември.

Поканите се испратени, а сите 500 гости што ги добиле можеле да прочитаат дека во нив стои и задолжителен кодекс на облекување. На жените им е сугерирано да дојдат во долги, елегантни фустани, а на мажите во одела. Тоа значи дека на свадбата нема да има девојки во мини фустани и со голи стомаци.

„Свадбата ќе биде убава и гламурозна. Цеца водела сметка за секој детаљ, баш како и Вељко и Богдана. Посебно внимание посветиле и на дрес-кодот. Бидејќи сè ќе биде на најголемо ниво на свадбата на која ќе присуствуваат повеќе од 500 гости, одлучиле на поканите да нагласат каков стил на облекување е пожелен“, рекол изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот