На пациентите им вградувале пејсмејкери извадени од починати луѓе

Лекар/ Фото: МИА

Против пет романски лекари, од кои еден е приведен, е покрената истрага поради сомнеж дека продале стотици пејсмејкери извадени од починати пациенти, го пренесе РТС соопштението на романското обвинителство.

– Еден од петте лекари, кои работеле во болница во Јаши, се наоѓа во притвор додека трае истрагата под обвинение за злоупотреба на службената положба и примање поткуп – наведело обвинителството.

Уапсениот лекар, како што е објаснето, надгледувал група од четворица други лекари, кои му доставувале импланти за срце извадени од починати пациенти без нивно или одобрение од нивните семејствата.

Лекарот е осомничен дека извршил 238 операции од 2017 година користејќи импланти од починати пациенти или од непознато потекло, со што неговите пациенти биле изложени на опасност од компликации или смрт.

– Голем број од тие импланти, кои лекарот ги препорачал, не биле неопходни и биле препорачани врз основа на лажни дијагнози или претходно препишани лекови што би довеле до одредени симптоми – соопштиле од обвинителството.

Романскиот здравствен систем, како што се вели во коментарите со кои е проследена оваа информација, е поткопан од корупција, неефикасност и од политичко влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот