На местото на дивоградбата кај ОУ „Коле Неделковски“ се гради мал паркинг

Фото: Општина Центар

На местото на бараката во близина на основното училиште „Коле Неделковски“, која беше неодамна урната поради тоа што беше дивоградба, се прави мал паркинг кој ќе биде наменет за родителите на учениците.

Малиот паркинг ќе помогне во регулирање на сообраќајот особено наутро и попладне кога родителите ги оставаат или земаат децата од училиште и ќе ја големи безбедноста на сите други ученици и вработени во училиштето – вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во објава на Фејсбук и додава дека и понатаму ќе се вложува во нови паркинг места и подобри сообраќајни решенија.

Бесправно изградената барака на улицата Антоние Грубишиќ беше урната пред еден месец во акцијата на центар за отстранување на нелегално поставени објекти на јавна површина како што се диви доградби и тераси, со кои се узурпира јавниот простор. Со уривањето се прошири постоечкиот влез во ова училиште.

Герасимовски тогаш ги предупреди сите инвеститори, сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија и да го почитуваат Законот, оти во спротивно Општината присилно ќе ги отстрани.

Општина Центар урива дивоградба до училиштето „Коле Неделковски“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот