На кратко влегол на „ничија земја“ па добил 14 дена карантин

Австриските власти се многу строги кога се работи за задолжителен карантин доколку некој ја премине границата и повторно се врати во земјата.

Австриец ќе мора да помине 14 дена во карантин бидејќи на кратко влегол на ничија земја меѓу Австрија и Германија, од каде германските граничари веднаш го вратиле.

– Сакавме да одиме на излет од Инсбрук во Шарниц, а целта ни беше да шетаме во природа. По тоа добив идеја да одиме до Митендвалд во Германија за да купиме нешто за вечера. Секако, предуслов за тоа беше да се премине границата. Мислевме да се обидеме и да видиме дали ќе може на кратко да преминеме преку граница, раскажува Мануел Биндер, додавајќи дека мислел дека во најлош случај само би биле вратени од граница.

На германската граница му било кажано дека не може да влезе во земјата, по што веднаш се вратил на австрискиот премин.

Меѓутоа, на австриската граница бил опколен од поголем број војници и полициски службеници, а Бундер се обидел да им објасни дека само возел до германската граница од каде бил вратен и дека воопшто не влегол во Германија.

На ова австриските полицајци му објасниле дека бидејќи направил излез од државата според законот тој мора да биде пренесен во 14 дневен карантин.

Исто така кажано му било дека двонеделниот куќен карантин би можел да го заврши порано само со негативен тест за Ковид – 19.

Но тестирањето без симптоми се финансира приватно.

– Сега се наоѓам во куќен карантин наместо да се занимавам со моите работни обврски и тоа само затоа што ја преминав границата вели Биндер за австриските медиуми.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот