На Карло Анчелоти му се заканува затворска казна од пет години

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Покраинското обвинителство во Мадрид бара четири години и девет месеци затвор за италијанскиот фудбалски тренер Карло Анчелоти за даночно затајување во фискалните години 2014 и 2015 во износ од 1.062.079 евра, пишува „Марка“.

Анчелоти е обвинет дека не плаќал данок во Шпанија, иако наводно бил жител, и дека не пријавил приходи од авторски права и слики што му припаѓале како тренер на Реал Мадрид. Тој се товари за две даночни кривични дела.

Анчелоти беше тренер на Реал од 2013 до 2015 година. Тој повторно се врати на Бернабеу во 2021 година.

Шпанските медиуми потсетуваат дека обвинението против Анчелоти е покренато во 2020 година.

Денеска Анчелоти со својот Реал игра реванш осминафинале против Лајпциг на Елиф Елмас во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот