Елмас и Лајпциг бркаат сензација во Лигата на шампионите

фото: rbleipzig.com

Денеска ќе дознаеме уште две екипи кои ќе обезбедат пласман во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампионите, а поблиску до следната фаза се Реал Мадрид и Манчестер сити.

По првите одиграни натпревари Реал Мадрид на домашен терен брани предност од 1:0 против Лајпциг на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, додека Манчестер сити на својот „Етихад“ ќе стартува со позитива од 3:1 против Копенхаген.

Далеку од тоа на „кралевите“ на „Ред Бул Арена“ им беше далеку од лесно. Гол на домаќините беше поништен во втората минута, се чини неоправдано, додека Андреј Луњин брилјираше на голот на Реал со дури девет одбрани. Германците ќе се обидат да ја повторат одличната игра и во реваншот, но нема да биде лесно против првопласираниот тим од „Ла Лига“.

– Тоа е важна можност да продолжиме во посебно натпреварување за нас. Мораме да го прикажеме најдоброто издание. Двомечот не е завршен. Мислам дека сме подготвени да покажеме напредок. Тие се многу опасни во транзицијата, за нас е важно Ридигер да се врати. Мораме да бидеме максимални ако сакаме да одиме понатаму – вели тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Лига на шампиони, осминафинале

Денеска, реванш (во заграда се резултатите од првите натпревари)

21.00 часот Реал Мадрид – Лајпциг (1:0)
21.00 часот Манчестер сити – Копенхаген (3:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот