На изборите во Албанија до 11 часот одѕивот на гласачи е 20 отсто

Фото: ocnal.com

Највисока излезност е забележана во Тирана 22,34 отсто, додека најниска во Валона 14,64 отсто.

Правото на глас до 11 часот на денешните парламентарни избори во Албанија го оствариле 20,06 отсто од вкупно запишаните 3.588.869 гласачи во единственот избирачки список.

Највисока излезност е забележана во Тирана 22,34 отсто, додека најниска во Валона 14,64 отсто.

Во изјава за медиумите, претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Челибаши ги повика сите членови на партиите да не влијаат на избирачките места.

-Сакам да ги повикам лидерите на политичките партии кои имаат членови во избирачките места да ги почитуваат нивните одговорности, нема причина да ги категоризираме од политичка природа, секој член кој нема да се однесува според одредбите од изборниот законик, па и со напуштање на должноста, ќе сноси кривична одговорност, рече Челибаши.

Тој кажа дека има одредени проблеми од техничка карактер кај употребата на апаратите за електронска идентификација, што „биле очекувани, бидејќи за првпат се употребуваат, но и поради кусиот рок за обука”.

Додаде дека проблемите од овој карактер се надминуваат и оти онаму каде што тоа не е можно продолжува процесот со мануелна индентфикација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот