На Хуан Мартин Дел Потро му откажале колената, не може ни да вози

EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Аргентинецот мака мачи со здравјето, не може да се качува по скали, ни да вози автомобил како сите други. Вели дека останал без ништо

Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро, освојувач на САД опен, поради тешките повреди мораше прерано да ја заврши тениската кариера.

Делпо се соочува со големи тешкотии и не може да се навикне на живот без тенисот. Врз него беа извршени неколку операции, но сето тоа не помогна да се врати на терените. Всушност тој не може да води нормален живот поради проблеми со колената.

– Денеска можам само да одам и тоа по улица. Не можам ни да се качувам по скали без болки. Не можам да возам автомобил подолго време, морам да праван пауза за да ги истегам нозете. Тоа е мојата реалност, тешко ми е и тажно – вели Делпо.

Тој мораше на брзина да прекине со тенисот. Еве како ги опишува тие моменти.

– Немав постепен премин во пензија. Немав можност да се подготвам. Бев трет тенисер на светот и одеднаш двете колена ми беа скршени, сега сум тука каде што сум без ништо – вели популарниот некогашен тенисер.

Аргентинецот (34) освои 22 АТП титули, а од 2018 година имаше четири операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот