На Гумење се тепале коњаници од Лисиче

Крушево/ Фото: МИА

За да ја спречи тепачката, полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, по што тепачката престанала.

На Гумење ноќеска се тепале коњаници од Скопско Лисиче, а полицаец пукал во воздух да ги смири, потврдуваат од МВР. Во 2 часот по полноќ, полицаец што патролирал на местото викано Гумење, забележал тепачка меѓу крушевчанецот К.К од една страна и петорица скопјани од друга страна, при што тие меѓусебно си размениле по неколку удари со раце и нозе. Скопјаните биле дојдени од Лисиче со коњаницата. За да ја спречи тепачката, полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, по што тепачката престанала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот