фото: твитер

На денешен ден: Светот го запозна Лионел Меси! (ВИДЕО)

Поминаа точно 15 години откако аргентинскиот фудбалски „магионичар“ го постигна својот прв сениорски гол во дресот на Барселона.

Беше тоа 1 мај 2005 година кога Барса ги одмери силите против екипата на Албасете. Тогаш 17-годишниот Аргентинец влезе во 87 минута од натпреварот како замена за Самуел Ето`о.

Поминаа точно 15 години откако Лионел Меси го постигна својот прв гол во дресот на Барселона. Му беа доволни само две минути првпат да ја затресе мрежата, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Но, во 91 минута од тој меч беше испишана историја. Му асистираше Роналдињо, а младиот играч со лоб удар го совлада противничкиот голман за негов прв сениорски погодок.

Од тој момент, во наредните 15 години реализираше вкупно 627 голови на официјалните натпревари со голем број на титули и индивидуални признанија. Освојувач на шест „Златни топки“ и наградата „Лауреус“ лани, прв фудбалер кој го доби тоа признание.

Одигра најмногу дуели на „Ел Класико“ во историјата на каталонскиот клуб, му недостасуваат 16 голови да се израни со рекордот на Пеле по бројот на голови во една екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот