Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

На денешен ден почина Јонче Христовски, човекот што ѝ ја подари „Македонско девојче“ на татковината
На денешен ден, пред 25 години, почина еден од најголемите амбасадори на македонската народна песна – Јонче Христовски. Тој остана запаметен како пејач, текстописец и композитор кој го облагороди македонскиот мелос со незаборавни песни, исполнети со љубов кон Македонија, животот и песната.
Препорачано
Со својата изведба на „Македонско девојче“ во 1964 година, песната стана симбол на љубовта кон македонската жена и беше препеана на бројни јазици – од англиски и германски до италијански и руски.
Тој создаде автентичен сценски стил – со фрлање на палтото, бакнување на земјата и со боемски, мераклиски настапи што го правеа омилен кај публиката. Неговите песни „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“, „Ако умрам ил загинам“, како и патриотските „Едно име имаме“, „Ој, Вардаре македонски“ и „И ние сме деца на Македонија“ сè уште се пеат и чувствуваат со истата емоција.
Христовски бил женет и татко на две ќерки. Неговата сопруга трагично го загубила животот во катастрофалниот Скопски земјотрес 1963 година и токму на неа и за љубовта кон неа, Христовски ја посветил и напишал една од своите најпознати песни – „Животе мој“.
Во 2002 година во Скопје е основан ансамбл за народни песни и игри кој го носи неговото име, a македонско културно уметничко друштво со неговото име постои и во Германија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
51мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5