На „Д Фестивал“ во Дојран 20 лица фатени со дрога, меѓу нив и грчки државјанин

Апсење/Фото: МИА

На фестивалот „Д Фест“ што се одржа викендов во Стар Дојран, полицијата приведе 20 лица, кај кои е пронајдена дрога.

Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога. Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои еден грчки државјанин, кај кои при преглед била пронајдена разновидна дрога, информираат денеска од МВР.

За случаите бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот