На цела Северна Кореја ѝ се плаче – Ким Јонг Ун ослабе и им го скрши срцето на граѓаните

EPA
Ким Џонг-Ун / Извор: EPA-EFE/KCNA

Сите граѓани на Северна Кореја се загрижени и тажни затоа што претседателот Ким Џонг Ун изгубил на телесната тежина, јавија државните медиуми и објавија изјава на граѓанин на Пјонгјанг.

Ретките коментари за изгледот на севернокорејскиот лидер се појавиле откако странските аналитичари забележале на почетокот на јуни дека автократскиот, 37-годишен лидер Ким Џонг Ун значително изгубил од тежината, пренесува Ројтерс.

– Тоа што нашиот уважен генерален секретар другарот Ким Јонг Ун е ослабен, на сите ни го крши срцето, изјавил средовечен човек во интервју емитувано во петокот вечерта. „Сите зборуваат за тоа. Сите ние само што не почнавме да плачеме, додал човекот.

Во извештајот на државната телевизија не се наведува од кои причини Ким загубил на тежина.

Со оглед на тоа дека во Северна Кореја не е познато кој би можел да го наследи Ким Јонг Ун на чело на државата, странските разузнавачки агенции и експерти од меѓународната политика внимателно ја следат здравствената состојба на севернокорејскиот лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот