МЗТ со фантастична трета четвртина до победа против Цибона, сега чека услуга од Будуќност!

МЗТ Скопје успеа да слави против Цибона во денешниот натпревар во ,,Јане Сандански” со 87:74 и така ја заврши својата работа во последното коло и сега ќе чека услуга од Будуќност во борбата за опстанок во АБА лигата.

Цибона се покажа како незгоден и”ривал во првото полувреме и покрај тоа што на гостите ништо не им значеше овој натпревар, но за тоа придонесе и нервозната игра на македонскиот првак кој навистина многу грешеше во нападот.

На паузата гостите имаа убедливи 43:51. Но момците на Николиќ отворија со 13:0 во третата четвртина и со страшна серија поведоа со 54:53, а во следниот напад пристигна последното водство кое го имаше Цибона на овој натпревар.

Гостите постигнаа два поени за предност ос 54:55, по што продолжи страшната серија на разиграните „штркови“ кои тој период го добија 30:5. Во последната четвртина не дозволија да ја испуштат таa предност.

Мајк Кефи со 19 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ, Александар Бурсач имаше 17, а 15 поени постигна Кеандре Кук, додека двоцифрен беше и Војдан Стојановски со 14 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот