Фото: MZT Skopje

МЗТ Скопје со убедлив пораз се враќа од гостувањето кај Златибор

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје се враќа од Србија со убедлив пораз, откако на гостувањето кај Златибор загуби со 102-74 во рамките на 5. коло од АБА 2 лигата.

Аеродромци имаа солиден настап во првите 20 минути, но целосно потфрлија во продолжението, што резултираше со втор пораз сезонава во второто по ранг јадранско натпреварување.

Избраниците на Атанасов добро го отворија натпреварот и во воведот имаа минимална предност (11-9), но Златибор брзо фати ритам и со серија дојде до 24-17. Сепак, МЗТ успеа да се врати во игра и по првата четвртина заостануваше само еден поен (29-28).

Во втората четвртина домаќинот повторно ја презеде контролата и на полувреме имаше плус пет (54-49), разлика која во тој момент изгледаше достижна за македонскиот шампион.

Но, следуваше целосен колапс во второто полувреме. МЗТ влезе во сериозни проблеми со реализацијата, додека Златибор сигуррно ја зголемуваше предноста, па на крајот стигна до висока и заслужена победа од 102-74.

Чарлс Гил беше прво име кај МЗТ Скопје со 24 поени, Смит додаде 13, а Мекеден заврши со 10. Кај победничкиот состав на Златибор, најефикасен беше Мур со 28 поени.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот