МЗТ и Работнички ќе почекаат на календарот во АБА2 лигата

фото: Novi Pazar/Senad Zupljanin

Натпреварите во АБА конкуренцијата нема да почнат на средината од месец септември…

Почетокот на АБА лигата, соглсно со тоа и на АБА 2 натпреварувањето, е поместен за почетокот на октомври, одлучено е на Собранието на регионалната лига.

Со оглед на тоа дека веќе е најавено дека наместо во деветтиот, лигата може да „заживее“ во десеттиот месец од оваа година, одлуката мораше да биде потврдена на највисокиот собир на АБА-лигашите.

Првобитно, новата сезона во Лигите на Јадранот требае да почне на 19.септември, но сега љубителите на кошарката, и секако, сите клубови вклучени во системот на натпреварување ќе мора да почекаат најмалку две седмици.

Причината за одложувањето е лошата епидемиолошка ситуација со корона вирусот, и порастот на заразени луѓе во сите држави од каде доаѓаат клубовите од АБА натпреварувањата.

Исто така, не е познат ниту распоредот на натпреварите во двете конкуренции, па согласно со тоа нашите претставници во АБА2 лигата, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, ќе мора да почекаат на дефинитивниот календар за сезоната 2020/2021.

АБА лигата беше прекината уште во месец март поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Пред крајот на мај, Собранието донесе одлука натпреварувањето да не продолжи, без промоција на шампион, ниту пак испаѓање во понизок ранг на натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот