МЗ: Покрај дванаесетте пациенти со цистична фиброза кои веќе добиваат Трикафта, обезбедена е терапија и за нови пациенти

https://www.trikafta.com/ Фото: Принтскрин

Покрај дванаесетте пациенти со цистична фиброза, кои веќе го добиваат лекот Трикафта, Министерството за здравство најави дека овие денови со терапија се вклучуваат и нови пациенти.

Минатата недела две нови пациентки примија Трикафта, а денеска се вклучуваат уште двајца, а во петок се очекува лекот да го примат уште двајца пациенти.

Оваа група на пациенти етапно се вклучува на терапија, согласно Протоколот и прецизни критериуми на евалуација се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од Стручна Комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање. Лекот Трикафта е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив – додаваат од Министерството.

Две пациентки со цистична фиброза го примија лекот Трикафта

Минатиот месец на Клиниката за детски болести пристигна терапија за 12 пациенти со цистична фиброза. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити најави дека дополнително се предвидени 854 милиони денари за лекот, за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија.

Поранешната директорка на Клиниката за детски болести, д-р Стојка Нацева-Фуштиќ појасни дека е обезбедена терапија за 12 пациенти, а селектирано постепено ќе има вклучување на нови седум пациенти на секои десет дена.

Таа информираше дека освен тие 12 пациенти кои се веќе на терпија има уште 55 лица и дека за сите тие ќе биде обезбедена терапија во текот на 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот