МВР поднесе кривична против Тодор Петров

Станува збор за кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита на населението од заразни болести.

МВР му поднесе кривична пријава на Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес, затоа што го организирал неделниот протест за „поддршка на уставобранителите“ во време на пандемија.

Станува збор за кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита на населението од заразни болести.

СВР Скопје до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021 организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РСМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот