МВР ја демантираше информацијата дека киднапер се движи околу средното музичко училиште во Скопје

Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

Лажни се вестите дека киднапер наводно се движи околу средното музичко училиште во Скопје, велат од Министерството за внатрешни работи.

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје. Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано, пишува во соопштението.

Лицето кое ја пласираше оваа лажна вест ја повелече објавата, додаваат од МВР и посочуваат дека јавно објавил оти станува збор за лажна вест.

Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период. Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги, истакнаа од Министерството.

Изразија благодарност до медиумите кои не подлегнуваат на лажните вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот