МВР го откри идентитетот на сопственикот и администраторот на групата „Јавна соба“

фото Фејсбук

МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива.

Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје извршија идентификација на сопственикот на групата „јавна соба“ со иницијали Д.К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје.

Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР.

Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ. Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата.

МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот