МВР: 16 прекршувања на полицискиот час, 469 казни за неносење маска

Поради неносење маска на територијата на државава вчера се казнети 469 граѓани, 16 го прекршиле полицискиот час, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Видео на денот