Музејска дејност: МНК ИКОМ го објави конкурсот за наградата „18 Мај“

Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) го објави конкурсот за доделување на годишната награда „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за особени достигнувања во музејската дејност за претходните две години. Целта на наградата е да ја поттикне, популаризира и да ја афирмира музејската дејност. Поради пандемијата, наградата ќе се додели одвоено за 2019 и 2020 година.

Наградата на МНК ИКОМ се доделува во неколку категории: музеј на годината, музејски проект на годината, музејски работник на годината и надворешен музејски соработник. Пријавените проекти треба да содржат име, презиме и адреса на авторот, назив и адреса на институцијата, опис на проектот и прилози за проектот во печатена или во електронска форма. Материјалите треба да бидат доставени најдоцна до 7 мај по пошта или рачно на адресата на МНК ИКОМ или на електронска пошта: [email protected].

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 78, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 24-25 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот