Мурињо го ангажираше првото летно засилување (ФОТО)

Жозе Мурињо / Фото: EPA-EFE/GLYN KIRK

Тотенхем успеа да го ангажира играчот од средниот ред Пјер-Емил Хојбјерг од редовите Саутемптон. „Петлите” и официјално го објавија својот прв летен трансфер, откако ќе платат 20 милиони фунти за фудбалерот кој потпиша договор на пет години.

Данецот ќе го носи дресот со број 5 во својот нов клуб. Трансферот беше финализиран откако фудбалерот ги помина задолжителните лекарски прегледи.

Тоа што ми беше важно е да играм во клуб каде се гледам себеси за многу години што доаѓаат. Тоа беше Тотенхем. Многу сум горд, среќен и возбуден. Мислам дека клубот има фантастична иднина и многу сакав да бидам дел од него – рече Хојберг по неговиот трансфер во Тотенхем.

Данскиот репрезентативец веќе има искуство во Премиер лигата и ова е една од причините зошто менаџерот Жозе Мурињо ги следеше неговите перформанси. Тој има одиграно повеќе од 100 натпревари во англискиот шампионат за време на неговиот 4-годишен престој во Саутемптон.

Хојберг (25) ја започна својата кариера во Баерн Минхен, запиша има 17 натпревари за баварските гиганти, не успеа да се избори за стартно место, па беше испратен на позајмица во Аугсбург и Шалке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот