Мундијал за историја: Ова никогаш не се случило на ниту едно СП со 32 репрезентации

фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Елиминациската фаза на Светското првенство во Катар започнува денеска со натпреварот Холандија – САД, а во неа учествуваат уште 14 селекции, по две првопласирани од секоја група.

И во групната фаза имаше невообичаено многу изненадувања, а последицата е што ниту една репрезентација не оствари стопроцентен учинок, а ова не се случило од 1994 година.

Откако Светското првенство во Франција во 1998 година беше прво со 32 репрезентации, а ова во Катар е последно со исто толку, тоа значи дека за прв и последен пат на СП со 32 селекции, никој не ги остварил сите три победи.

Севкупно, ова е само четврто Светско првенство со ваков податок. Пред споменатата 1994 година, на последното Светско првенство со 24 репрезентации учесници, тоа се случи двапати во ерата на 16 репрезентации – во 1958 и 1962 година. Во Катар, пет национални селекции ја завршија групната фаза без пораз: Холандија, Англија и Мароко имаа по две победи и едно реми, а САД и Хрватска по една победа и две нерешени.

Меси има шанса против Австралија да го надмине рекордот на Марадона

Претходно, во групната фаза, се случуваше непоразени репрезентации да не поминат во вториот круг. Шкотска ја имаше таа несреќа – трета во групата во 1974 година со една победа и две нерешени средби, како и Нов Зеланд во 2010 година, Белгија во 1998 година и Камерун во 1982 година, кои сите беа трети со по три ремија.

Исто така, Англија во 1982 година ги имаше сите три победи во првата групна фаза, а беше елиминирана по две ремија во втората групна фаза, додека Бразил во 1978 година имаше две победи и едно реми во двете групни фази, но поради системот на натпреварување кој го фаворизираше домаќинот (и подоцна светски шампион) Аргентина, мораше да се задоволи со натпреварот за третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот