Му ја обиле колата на градоначалникот на Кисела Вода, вели дека причината е тоа што се справувал со урбаната мафија

Фото: Фејсбук

„Вечерва „непознати сторители” го обија мојот автомобил нанесувајќи материјална штета“, напиша вечерва на Фејсбук градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиовски.

„Случајот е пријавен во полиција (искрено не очекувам да бидат најдени). Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни. Намерата им е да ме „поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните 🙂 Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот“, пишува Георгиевски.

„Стаклата и возилото може да ги кршат колку сакаат, ама не можат да ја скршат никогаш мојата одлучност да ја решам урбаната мафија еднаш, засекогаш. Моите сограѓани го заслужуваат тоа! На сите треба да им е јасно, никој нема да ме “заплаши” или премисли во намерите да го исполнам она што сум го ветил“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот