„Мртва трка“ за Приштина во вториот изборен круг
Актуелниот градоначалник од Демократската партија на Косово има мала предност – околу 700 гласови пред кандидатот на Самоопределување.
Во градовите и во општините во Косово каде мнозинството се Албанци речиси и да нема победници бидејќи втор круг избори ќе се одржи во 20 од вкупно 38 општини.
Препорачано
Најголемата борба е за Приштина, каде што актуелниот градоначалник од Демократската партија на Косово има мала предност – само околу 700 гласови пред кандидатот на Самоопределување, Хајрул Чеку.
Во Приштина е вообичаено да се оди во втор круг, но овојпат трите најголеми партии беа многу блиску една до друга.
Вториот круг избори ќе се одржи и во други поголеми градови, како што се Пеќ, Призрен и Ѓаковица.
Самоопределување победи во три општини – Подуево, Каменица и Штимље – што претставува напредок во споредба со изборите во 2021 година, кога не освоија ниту една општина во првиот круг.
Затоа, во анализите на локалните политички коментатори, се истакнува дека Самоопределување, и покрај сè, досега помина најдобро.
„Овие резултати јасно покажуваат дека нашето движење не само што го зачува својот раст од еден изборен циклус во друг, туку се издигна како главна политичка сила во Република Косово и на локално ниво. Нашата цел е јасна – нашите кандидати да победат и во овие општини, за да се врати или продолжи добрата администрација што ја заслужуваат граѓаните, и нашите општини да напредуваат со развој, благосостојба, правда и еднаквост. Ова е највредниот подарок и најдобрите честитки што ги добивме од народот на Косово по повод 20-годишнината од движењето
Двете други најголеми опозициски партии победија во по две или три општини, слично како и на претходните избори.
Вчерашните локални избори не донесоа конечни градоначалници, па затоа вториот круг од гласањето ќе се одржи на 9 ноември во 17 општини.


