Може ли да биде послатка? Погледнете како принцезата Шарлот се обиде да ја копира мама (ВИДЕО)

Принцезата Шарлот уште еднаш ги украде симпатиите со потегот кој го направи на божиќната миса на која се појави речиси целото кралско семејство.

Кејт Мидлтон ја држеше малечката Шарлот за рака и во еден момент и се поклони на кралицата Елизабета. Малечката принцеза неколку секунди разгледуваше околу себе, а потоа одлучи да го ископира потегот на својата мајка па и таа кратко се поклони.

Снимката се прошири на социјалните мрежи и воодушеви многумина. „Колку преслатко, не можам да престанам да го гледам ова“, „Колку е слатка, како вистинска принцеза“, и се восхитуваа фановите на кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот