Мотоциклист се судрил со возилото на заменик-министерот Лазовски

Мотоциклист денеска на пладне удрил во возилото на заменикот-министер за култура, актерот Владимир Лазовски. Според фесјбук постот на Лазовски „мотоциклистот по укажаната помош е пуштен на домашно лекување“.

Од полицијата велат дека започната е истрага за случајот. Додаваат дека сообраќајката се случила попладнево на крстосницата кај Собранието и старата градска болница „Наум Охридски” во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот