Москва тврди дека уништила ракетен систем „Патриот“, Киев негира

Ракетен систем Патриот / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во вчерашниот ракетен напад руските сили успеале да го уништат одбранбениот систем земја-воздух „Патриот“ произведен во САД, јави RTS, повикувајќи се на руски медиумски извори. Според извештаите, вчерашните напади во Киев биле насочени и кон украинските борбени единици и складишта за муниција таму.

Сепак, дописникот на британски „Гардијан“ од Киев, Лук Хардинг, наведува дека Украина ја проценува штетата предизвикана откако руските сили синоќа и рано утринава извршија голем воздушен напад со исклучителен интензитет врз Киев. Тоа е еден од најинтензивните напади врз главниот град на Украина од минатата година.

Сирените за тревога ги разбудиле граѓаните околу 2:30 часот по локално време, а недолго потоа се слушнале силни експлозии. Стануваше збор за звуците на украинската противвоздушна одбрана, која пресретна и собори руски беспилотни летала и проектили. На небото можеа да се видат светли траги од руски и украински ракети, јави дописникот на Гардијан, додавајќи дека од силината на експлозиите биле вклучени алармите на автомобилите. Сирените се огласиле околу 4 часот наутро, вели тој.

Врховниот командант Валериј Жалузниј објави дека противвоздушната одбрана на Киев соборила 18 од 18 лансирани руски ракети и беспилотни летала, додавајќи дека градот бил нападнат од „север, југ и исток“ со проектили и беспилотни летала лансирани од копно, море и воздух. .

Тој, исто така, се пофали дека украинската противвоздушна одбрана соборила сет хиперсонични ракети Кинжал, најмоќните ракети со долг дострел во арсеналот на Кремљ.

Дописникот на Гардијан наведува дека се чини дека синоќешниот напад на Киев бил обид да се уништи американскиот напреден систем Патриот, кој Вашингтон го испрати во Украина, а кој таа земја првенствено го користи за одбрана на Киев од руски воздушни напади.

Имено, Патриотите пристигнаа во Украина пред неколку недели, а американски функционер неодамна за „Си-ен-ен“ изјави дека руските сили се обидуваат да ги уништат тие напредни американски ракетни системи за воздушна одбрана.

Дописникот на Гардијан потсетува дека владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски добила најмалку два системи Патриот, од Берлин и Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот