Москва со обвинување до Вашингтон дека го „тестираат трпението” на Пјонгјанг

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Руските власти ги обвинија САД дека го „тестираат трпението” на Северна Кореја, откако Пјонгјанг утринава истрела интерконтинентална балистичка ракета што падна во водите крај Јапонија, пренесе Бета.

Москва остана „верна на дипломатско решение” за спорот на Корејскиот полуостров, додека „САД и нивните сојузници во регионот претпочитаат поинаков пат, како да го тестираат трпението на Пјонгјанг”, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Со загриженост ја следиме ситуацијата”, рече Рјабков.

Американската потпретседателка Камала Харис денеска во Бангкок ќе разговара со лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Канада за лансирањето на севернокорејската ракета.

Средбата ќе се одржи на маргините на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

САД, Јужна Кореја и Јапонија ги интензивираа своите заеднички воени маневри во последниве месеци наспроти заканите од Северна Кореја, која на вежбите гледа како на генерална проба за инвазија на нејзина територија или смена на власта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот