Москва сака да разговара со Бајден за човековите права и нападот на Капитол Хил

Путин-Бајден/ Фото EPA/MAXIM SHIPENKOV

Русија денес изјави дека сака првиот состанок меѓу Владимир Путин и Џо Бајден на 16 јуни да разговара за човековите права и гонењето на напаѓачите врз Капитол на 6 јануари.

“Подготвени сме да разговараме и немаме табу тема. Ќе разговараме за она што сметаме дека е потребно и ќе бидеме подготвени да одговориме на сите прашања покренати од американска страна. Ова важи и за човековите права”, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече на прес-конференција.

Тој додаде дека Москва е „подготвена“ да разговара за „проблемите што постојат во САД“, додавајќи дека е „многу заинтересирана за гонење на обвинетите за немирите на 6 јануари“, кога приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп упаднаа во Капитол Хил. 

„Многу интересни работи се случуваат во САД, од перспектива на човековите права, од перспектива на законот за опозиција, од перспектива на заштита на опозицијата“, рече Лавров, одговарајќи на новинарско прашање дали Москва е подготвена да разговара за опозицијата и состојбата со човековите права.Русија.

Бајден вчера вети дека ќе му каже на Путин дека Соединетите држави нема „да стојат со скрстени раце“ додека Русија „ги крши“ човековите права.

Односите меѓу САД и Русија се на најниско ниво заради несогласувања околу големите меѓународни прашања, како резултат на меѓусебното протерување на дипломатите, обвинувањата за мешање во изборите, шпионажата и сајбер нападите кои и се припишуваат на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот