Москва ги покани Хамас и Исламски џихад на меѓупалестински состанок на почетокот на март

Москва, Русија
Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Меѓупалестинскиот состанок треба да се одржи во Москва од 29 февруари до 1 или 2 март, а поканети се претставници на милитантните групи од Појасот Газа – Хамас и Исламски џихад, изјави специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Блискиот Исток и Африка, кој е и заменик министер за надворешни работи, Михаил Богданов.

„Ги поканивме сите палестински претставници – сите политички сили кои имаат свои позиции во различни земји, вклучувајќи ги Сирија и Либан и другите земји во регионот“, рече Богданов.

Тој додаде дека составот е приближно ист како и на претходните две меѓупалестински средби, односно поканети се 12 до 14 организации.

Според Богданов, целта на Москва е да им помогне на различните палестински сили да се договорат за обединување на нивните сили во политичка смисла.

„Поаѓаме од фактот дека Палестинската ослободителна организација беше и останува легитимен претставник на палестинскиот народ, таа беше прифатена од меѓународната заедница и од нас“, додаде Богданов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот