Моштите на Кирил Пејчиновиќ – Свети Кирил Лешочки почиваат во храмот Св. Атанасиј во Лешок

foto - мирче димчевски - приватна архива

Откако викендов беше канонизиран за светител, моштите на Преподобен Кирил Лешочки сега се поставени и ќе почиваат во храмот Свети Атанасиј во манастирскиот комплекс во Лешок. Во манастирската црква покрај моштите се наоѓа и првата икона со изобразен лик.

-Во Лешочкиот манастир верниот народ ќе има можност да пристапи за поклонение до кивотот каде што се изложени светите мошти на светителот Кирил Лешочки и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот при посетите на верниците, информираа од тетовско-гостиварската епархија.

foto – мирче димчевски – приватна архива

Изминатиов викенд канонизацијата на свети Кирил Лешочки се изврши во Лешочкиот манастир и во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово. Светиот чин го изврши
архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан во сослужение со 11 владици и други свештенослужители.

Споменот на преподобниот Кирил Лешочки – учител и просветител, ќе се празнува на 25 март по новиот стил.

Инаки на денот кога Кирил Пејчиновиќ беше прогласен за светец бугарските компјутерџии атакуваа на интернет енциклопедијата Википедија. Оваа најнова етапа на безмилосна бугаризација го зафати и идниот македонски светец Кирил Пејчиновиќ прогласувајќи го за бугарска верска фигура.

Во информациите објавени од бугарските интернет ботови на англиската верзија на Википедија која сега е насилно изменета, стои и дека тој е основоположник на модерната Бугарија и дека е една од историските личности кои низ времето се занимавале со промовирање и на раната бугарска ренесанса. На Википедија исто така стои запишано дека Пејчиновиќ го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на бугарски јазик во скопл на неговата татковина Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот