МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ: Петте најчести митови за сончањето

плажа море

Поради желбата за летен тен, многу луѓе прекумерно се изложуваат на сонце, ризикувајќи да си предизвикаат опасни последици по здравјето, но и по животот.

Според „Харперс базар“ во Велика Британија во последните 15 години бројот на заболени од рак на кожата пораснал за 45%, а најчест е кај лица меѓу 25-49-годишна возраст.

Затоа, пред да се изложите на сонце, прочитајте ги следниве најчести митови, за да спречите опасни последици, како што се изгореници, оштетувања на кожата, па дури и рак:

Ако еднаш изгорите, потоа ништо не ви е

Изгорениците нема директно да предизвикаат рак на кожа, но може да го зголемат ризикот за тоа. Користете креми и лосиони со соодветен заштитен фактор и ограничете го изложувањето на сонце.

Нема да изгорите во сенка

Многу луѓе веруваат дека ако се засолнат под чадор или дрво, нема да изгорат. Многу површини во природата ги рефлектираат УВ-зраците, кои лесно може да се пренасочат точно врз вас, дури и ако сте под најдебелата сенка.

Не можете да изгорите кога е облачно

Иако визуелно сте под сенка, облаците пропуштаат и до 80% од сончевите зраци. Затоа, заштитете се соодветно исто како кога е и сончево.

Високиот заштитен фактор спречува горење

Високиот заштитен фактор го намалува делувањето на УВ-зраците и го одложува горењето. Затоа и треба да го обновувате слојот, особено ако се потите и ако пливате во меѓувреме. Најдобра заштита е светлата облека, но и тогаш треба да нанесете крема со заштитен фактор.

Не сте склони кон рак

Иако генетиката игра огромна улога кај малигните заболувања, не е ваше да експериментирате и да ја предизвикувате статистиката, бидејќи дури и кај најздравите личности може да се случат промени на кожата кои може да бидат опасни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот