Монтгомери: Иронија е што ја браниме Украина, а Косово беше одземено со сила

Вилијам Монтгомери EPA

Поранешниот американски амбасадор во Белград, Вилијам Монтгомери оцени дека западните дипломатски напори во дијалогот меѓу Белград и Приштина во суштина функционираат врз база на таканареченото „квадратирање на кругот“, бидејќи косовскиот премиер Курти инсистира Србија да го признае Косово во нејзините сегашни граници и да биде примено во ОН, а Србија целосно одбива да го стори тоа.

Монтгомери за Косово онлајн изјави дека нема никакви информации за тоа што се разговара за време на тековните посети на странските дипломати и во дијалогот, но дека врз основа на неговото долгогодишно лично искуство за ова прашање, може да каже дека повеќето од досега направено е обид да се реши секое поединечно решение за да се избегне избувнување на нов конфликт.

Вилијам Монгомери за време на својата служба во Белград / EPA

„Проблемот што го создаде ЕУ е поглавјето 35 во преговорите со Србија, кое се однесува на Косово и тоа требаше да биде последното поглавје што требаше да се отвори откако се друго беше затворено. Дека членството во ЕУ е загарантирано кога ќе се реши косовското прашање. Тоа би извршило вистински притисок врз Србија. Сега не постои никаков притисок, бидејќи членството на Србија во ЕУ е далеку од многу причини, кои повеќето немаат врска со Србија.

Една од главните секако е дека повеќето земји од ЕУ не сакаат понатамошно проширување“ на унијата , објаснува Монтгомери.

Кога станува збор за премиерот на Косово, Монгомери посочува дека Курти воопшто не се грижи за економската благосостојба на својата територија, бидејќи е фокусиран само на Србија, и од политички и од лични причини.

Вилијам Монгомери
PHOTO EPA/

Според него, Курти целата своја политика ја базира на добивање „српска политичка отстапка за косовската независност “, а западните дипломати вршат голем притисок врз Србија да го стори тоа, однсно да ја признае независноста на Косово

„Србија, од друга страна, нема вистинска причина да се придржува. Таа има растечка економија и многу други прашања со кои треба да се решат. И ЕУ нема ништо конкретно да и понуди на Србија за оваа отстапка во моментов“, смета поранешниот амбасадор.

Монтгомери се осврна и на ситуацијата во Украина и ја спореди сличноста со Косово.

„Можам да додадам дека е иронично што Косово беше преземено со сила и против Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, и со поддршка на Западот. Но, ние ја браниме Украина бидејќи Русија се обидува да го стори истото во Украина. Го оправдаа бомбардирањето на Србија поради малтретирањето на косовските Албанци. Русите ја оправдуваат својата акција во Украина поради малтретирањето на етничките Руси таму. Така, иронично, Русите ги користат нашите сопствени одлуки и акции од минатото против нас“, заклучи Монтгомери.

Вилијам Монгомери / EPA

Вилијам Монтгомери е поранешен американски дипломат. Тој беше американски амбасадор во Бугарија, Србија и Црна Гора и во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот