Моника Белучи: Сите живееме во страв, но имам доверба во медицината

Instagram

Моника Белучи оваа година ќе го прослави 56-от роденден, но сè уште е на врвот ма листата на најубавите жени во светот.

Италијанската глумица која живее во Париз, за време на пандемијата престојува на брегот на Баскија, на северот на Шпанија со ќерките Дева (15) и Леона (9), кои ги доби во бракот со Винсент Касел. Таму е стационирана поради можноста ќерките да се гледаат со татко им кој таму поминува поголем дел од времето.

Instagram

Неодамна во интервју за француски магазин ја прашале што мисли за пандемијата.

„Голема тага. Мислам на мојата земја, Италија, која е најмногу погодена во Европа. Сите живееме во страв, а истовремено имам целосна доверба во медицината, уверена сум дека ќе пронајдат лек, а потоа и вакцина. Како што рече Едуардо де Филипо, неаполски автор и глумец, „ноќта мора да помине“. Таа ноќ, веројатно ќе биде долга, но секако ќе доведе до нешто ново. Загрижена сум најмногу за моите родители кои имаат 83 и 77 години и мислам многу на нив“, рекла Моника.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот