МОН: Со ковид-19 заразени 42 ученици и 65 наставници

На училиште во време на ковид. / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерството за образование и наука информира дека заклучно со 12 часот денеска, вкупно има 42 активни случаи на ковид-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив, 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование.

Во однос на основните училишта, МОН наведува дека од активните случаи – седум од учениците и пет од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата и известува дека во сите случаи се почитувани препораките од центрите за јавно здравје и е постапувано согласно алгоритмите.

Од активните случаи во средно образование, ниту еден од учениците и наставниците не учестувале во настава со физичко присуство и согласно тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар.

-Учениците кои следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради КОВИД-19, учењето го продолжуваат од далечина, со што има континуитет во образовниот процес. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Затоа, МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита, соопшти МОН.

Информира и дека успешно се спроведува наставата од далечина и околу 87 проценти од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкоти. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет-конекција потсетува дека часовите се емитуваат на Македонската радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.

Министерството за образование и наука во соопштението наведува и дека е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата. 

Наставничка од ОУ „Владо Тасевски“ позитивна на коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот