Наставничка од ОУ „Владо Тасевски“ позитивна на коронавирусот

Училиште во Скопје. / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Наставничка од основното училиште „Владо Тасевски“ од општина Карпош е позитивна на коронавирусот, потврдија од Општината.

Станува збор за наставничка по англиски јазик во второ одделение.

-По констатираната состојба (во средата), наставничката веднаш постапила по протоколите и мерките за самоизолација и останала дома. Заразена е надвор од училиштето, односно контактот со заразено лице од ковид-19 го имала надвор од рамките на ООУ ‘Владо Тасевски’. По консултација со епидемиолот, и согласно протоколот и алгоритмот предвиден од Комисијата за заразни болести, е одлучено, учениците од ова одделение да не одат во самоизолација- одговориле од општина Карпош за порталот Курир.

Од Општината истакнале дека основните училишта, кои се под ингеренција на општина Карпош, максимално ги следат протоколите и мерките за заштита од пандемијата со ковид-19.

Уште 22 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ во изолација: Заразена учителка го носела детето на настава

Исто така, од петокот две одделенија од ОУ „Лазо Трповски” од општина Карпош се ставени во изолација откако било потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на ковид-19. Во изолација се и три наставнички кои предавале во одделенијата. Ова за „Слободен печат“ го изјави мајка на првооделенец која е во самоизолација.

Две деца од ОУ „Лазо Трповски” се позитивни на ковид-19

Пред два дена 11нови случаи на коронавирус беа потврдени во Тиквешко, заболена е и една наставничка, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Наставничка од Тиквешко е заразена со коронавирус, изолирани се 16 ученици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот