Момчето кое го потресе Загреб: Влегов со мачета во гимназијата за да се бранам

Загрепска полиција / Фото: ЕПА

18-годишното момче кое влезе во гимназијата во Загреб со мачета упатувајќи закани кон своите врсници, по две ноќи поминати во полициски притвор, е донесено на сослушување пред истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб.

Судот го прифати предлогот на Обвинителството да му се одреди притвор.

„Извинете, но немав намера некого да повредам. Зедов мачета со мене да се бранам во случај некој друг да скокне врз мене. Немав намера никого да повредам„ се правдаше 18-годишникот во Жупанскиот суд.

Момчето пред два дена влезе во една паралелка во гимназијата каде имало ученици и наставничка и со мачетата му се заканил на еден ученик. За среќа во инцидентот немаше повредени.

18-годишникот по инцидентот се сокрил во станот на неговата баба, а по три часа беше упасен од полицијата.

ВИДЕO: Загреб во шок, момче со мачета упадна во гимназија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот