Момче (8) му се пожали на Том Хенкс дека децата го исмеваат поради коронавирусот: Сега за гестот на славниот актер зборува цел свет

Фото: Профимедиа

Холивудскиот легендарен актер Том Хенкс (63) е еден од првите познати личност кој во јавноста откри дека е заразен од Ковид 19.

Тој редовно ги известуваше фановите за својата состојба, а на крај закрепна и сега се чувствува добро.

По оздравувањето, актерот испрати подарок за еден свој обожавател, во знак на благодарност поради писмата со поддршка кои ги добивал од него додека бил болен.

Станува збор за осумгодишно момче од Австралија кое се вика Корона Де Вирс, поради што неговите другарчиња го исмејуваат. Кога Врис дознал дека Том и неговата сопруга Рита се заразени од вирусот, им испратил писмо и им посакал брзо оздравување.

На актерскиот пар, тој во истото писмо им се пожалил дека во училиштето е етикиран поради своето име и дека сега е многу тажен.

Хенкс сега се сети на ова момче и му испрати машина за пишување со марка Корона.

„Мислам дека оваа машина за пишување ќе ти одговара. Поради твоето писмо мојата сопруга и јас се чувствуваме прекрасно. Ти благодарам што си толку добар пријател. Пријателите прават нивните пријатели да се чувствуваат добро кога се тие на дното. Те видов на телевизија. Иако се вратив во Америка и сега сум потполно здрав, поради твоето писмо и натаму се чувствувам подобро“, пишува Хенкс.

За потсетување, пред повеќе од еден месец Хенкс на Твитер напиша дека тој и сопругата се позитивни на коронавирус, откако почувствувале замор и болки со блага температура.

И двајцата се сега здрави, но и натаму своите обожаватели ги предупредуваат на опасноста од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот