МОЌТА НА МЛАДИТЕ: „Тајм“ ја прогласи Грета Тунберг за личност на годината (ФОТО)

Грета Тунберг/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Американски „Тајм” ја прогласи шведската активистка Грета Тунберг за личност на годината.

Таа е прогласена за личност на 2019 година заради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.

Тунберг започна глобално движење откако одлучи дека ќе отсуствува од часови во август 2018 година, и ги поминуваше деновите пред шведскиот Парламент, држејќи знак на кој пишуваше: Skolstrejk för klimatet (Училишен штрајк за климата).

Речиси 16 месеци подоцна, таа се обрати пред челниците на државите во Обединетите нации, се сретна со папата, вербално се судри со претседателот на САД и инспирираше четири милиони луѓе да се прикучат на глобалниот климатски протест на 20 септември 2019 година, што е најголемата климатска демонстрација во историјата на човештвото.

Нејзиниот лик се појави на многу мурали и костуми за Ноќта на вештерките ширум светот, и нејзиното име започна да се поврзува многу различни глобални работи. Откако јазичарите забележаа драстично зголемување на користењето на зборот „climate strike“ (штрaјк за климата), надлежните од речникот Колинс го прогласија овој збор за „збор на годината“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот