Могерини: По пандемијата наголемата опасност за ЕУ ќе доаѓа однатре

Поранешната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини, смета дека во периодот по пандемијата на ковид-19, најголем предизвик за единството на Унијата ќе бидат внатрешните политички тензии, предизвикани од популистичките и антисистемските ставови на екстремната десница.

– ЕУ е родена врз основа на градењето соработка и прекинот на конфликтите. Национализмот може да не врати на идејата дека ние е подобро едни без други и дека другите наши членки се нашите ривали. Доколку ЕУ влезе во логиката на национализмот, последиците може да бидат поголеми од оние на пандемијата, рече Могерини.

Учествувајќи во економската дебата во Минхен, Могерини оцени дека граѓаните на Европа, но и на светот, за време на пандемијата за првпат ја разбраа меѓусебната поврзаност и условеност на нивната сопствена безбедност и безбедноста на другите.

– Панедемијата ја истакна потребата од обединување на силите. Меѓутоа, тоа што беше можност за глобална соработка се претвори во конкуренција на наративи и идеолошка пропаганда, рече Могерини на форумот.

Таа кажа дека и Европа и светот треба да извлечат поуки од оваа пандемија и да се подготват за идните предизвици што сигурно ќе дојдат.

– Светот мора да дефинира дали сака да работи на кооперативната мрежа или ќе го следи патот на конфронтација, рече Могерини.

Актуелната ректорка на Европскиот универзитет наведе и дека новата администрација во Вашингтон веќе направи чекори кон подобра соработка во светот, но, исто така, нагласи дека очекува САД во периодот што доаѓа повеќе да биде насочена кон внатрешните прашања.

– Ние, Европејците, ќе мора да научиме како да бидеме блиски пријатели и партнери со САД, но и да ја одржуваме стратешката автономија затоа што ќе има предизвици за кои ќе биде потребно наше независно дејствување, рече Могерини.

Кога станува збор за односите со Русија, поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ процени дека тие не се променија под влијание на пандемијата, туку се обликуваат од меѓусебните разлики во однос на надворешната политика кон Украина и Белорусија, како и односот кон човековите права и владеење на правото.

– Санкциите против Русија воведени заради Украина беа оправдани и го покажаа единството на ЕУ и покрај различните економски интереси. Санкциите имаа силно влијание врз ЕУ и руската економија. Сите треба да се стремиме кон стратешко партнерство со Русија, но за тоа мора да се создадат услови, заклучи Могерини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот