Могерини: Новиот шеф на дипломатијата на ЕУ треба да биде посветен и приврзан

Во врска со пополнувањето на местото шеф на дипломатијата на ЕУ, високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, истакна дека новиот човек на таа позиција треба да биде посветено лице од сферата на надворешната политика.

– Се надевам дека тоа ќе биде некој посветен и приврзан, кој доаѓа од сферата на надворешната политика, но и безбедноста и одбраната, за да работата која ние ја сработивме за четири ипол години да биде консолидирана, посебново областа на одбрана, безбедност и глобална стратегија на ЕУ – изјави Могерини.

ЕУ во моментов е во процес на избор на лица кои во наредните пет години ќе бидат на чело на нејзините најважни институции.

Поради тоа во наредните денови ќе се знаат имињата на кандидатите за наследници на Жан Клод Јункер, Доналд Туск, Федерика Могерини, Антониот Тајани и Марио Драги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот