МНР потврди дека македонска државјанка загина кај Солун, а има и повредени

Министерството за надворешни работи информира дека денеска на пладне, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.

Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата, велат од МНР.

Воедно, информират дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани.

Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома”, велат од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот